Европската агенција за наркотици информира дека пандемијата на Ковид-19 предизвикала зголемена активност на Даркнет, што е своевидено подземје на Интернетот, каде за 25 отсто е зголемена побарувачката на канабис. Во извештајот се наведува дека, најверојатно, се должи на тоа што лицата кои користат марихуана прават залихи од илегални доставувачи за да избегнат оскудица за време на епидемијата.
Во извештајот,, во кој се изнесени резултатите од истражувањата на три големи пазари на наркотици во периодот меѓу јануари и март, Агенцијата со седиште во Лисабон, посочува дека рестриктивните мерки, како карантин и изолација, довеле до зголемена побарувачка.
„Пазарот на канабис е голем и голем дел од регуларните корисници на канабис одлучиле да направат залихи, предвидувајќи прекин на пазарот за време на карантинот”, се наведува во извештајот.
Според податоците на Европската агенција за наркотици на даркнет пазарот Канацон (Cannazon), кој е специјализиран за марихуана, продадена е стока во вредност од околу 4,3 милиони евра во периодот меѓу јануари и март. Од друга страна, забележан е пад на продажбата на екстази и МДМА, кои вообичаено се користат во клубови и на забави.