Одбранбениот договор помеѓу Грција и Израел е потпишан дигитално поради пандемијата со новиот коронавирус, соопшти грчката Генерална дирекција за одбранбени резерви и инвестиции (ГДДСИ).
Договорот го потпишаа генералниот директор на ГДДСИ, генерал потполковник Теодорос Лагиос и генералниот директор во израелското Министерство за одбрана, генерал Уди Адам.
Лагиос и Адам разговараа и за набавка и соработка во одбранбениот и техничкиот сектор.