Трамп: Работната група на Белата куќа за коронавирусот ќе продолжи со работа на пандемијата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Работната група на Белата куќа задолжена за кризата со коронавирусот ќе ја продолжи својата работа на пандемијата, фокусирајќи се на вакцините и терапијата.

„Поради својот успех Работната група ќе продолжи да работи на неодредено време, со натамошен фокус врз безбедноста и повторното отворање на нашата земја”, напиша Трамп на Твитер, пренесоа британските медиуми.

„Работната група ќе биде многу фокусирана на вакцините и терапиите”, напиша Трамп.

Треба да знаете
Последни објави