СЗО советува постепено и внимателно олеснување на рестриктивните мерки во однос на Ковид-19

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска предупреди на опасноста од враќање на рестриктивните мерки заради Ковид-19, доколку државите не управуваат со транзицискиот период со крајно внимателно и постепено.

Тедрос наведе низа чекори потребни пред некоја земја да ги укине мерките воведени за контрола на ширењето на Ковид-19, како што се контрола на надзор и подготвеност на здравствениот систем.

– Ризикот од враќање на рестриктивни мерки останува многу реален ако државите не управуваат со транзицијата крајно внимателно и во фази, рече тој на брифинг во Женева.

Тедрос, исто така, рече дека не е возможно да се вратиме во вообичаените работи кога еднаш ќе биде запрена пандемијата и ја истакна потребата од инвестирање во здравствените системи. 

Треба да знаете
Последни објави