Во последните неколку денови стотици полицајци во Индија биле позитивни на тестирањата на коронавирус, поради што власта тешко ја спроведува контролата на вонредните мерки и полицискиот час.
Речиси три милиони полицајци се задолжени за контрола и безбедност на 1,3 милијарди Индијци дали се придржуваат кон вонредните мерки и седат дома.
Вонредните мерки во Индија се воведени на 25 март. Досега во земјата се потврдени речиси 50.000 заразени и 1.694 починати лица.
Високи полициски претставници во државата Махараџтра изразија загриженост, бидејќи бројот на заразени полицајци со Ковид-19 речиси двојно е зголемен за само една недела.