СДСМ оди со тактиката помалку тестирани, помалку заразени и вештачки создава перцепција дека се е во ред

Република Македонија е на дното во регионот по број  на тестирани луѓе од коронавирус.

СДСМ оди со тактиката помалку тестирани, помалку заразени. Вештачки се создава перцепција дека се е во ред.

Од друга страна реалноста е сосема поинаква. Македонија има повеќе починати од коронавирус од Грција, Бугарија и Албанија заедно.

Високата смртност е само поради неспособноста на власта да ја менаџира кризата.

Лошиот менаџмент со кризата се гледа и во лошата економска слика. Буџетот за првите три месеци има дупка од 120 милиони евра, секое семејство е задолжено за нови 15.000 денари.

Државата само за санирање на дупките од неспособноста на власта ќе потроши 1.3 милијарди евра, пари за кои ќе треба да не задолжат и да ги враќаат некои идни генерации.

СДСМ ја урниса Македонија и ќе биде казнет од граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави