Бројот на излекувани во Италија првпат е поголем од бројот на заболени

Уште 369 лица заразени со новиот коронавирус починале во Италија во последните 24 часа, но бројот на излекувани првпат од почетокот на епидемијата во таа земја е поголем од бројот на заразени во моментов.

Во Италија досега се излечиле 93.245 луѓе од ковид-19, додека во моментот се заразени 91.528 лица.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 1.444 нови случаи, со што вкупниот број на заболени се искачи на 214.457.

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Италија се зголеми денес на 29.684. Само САД и Велика Британија имаат повеќе смртни случаи од Италија.

После осум недели рестриктивни мерки, Италија во понеделникот почна со ублажување на мерките, а одредени дејности повторно почнаа со работа.

Се очекува за неколку недели да се знае дали ублажувањето на мерките довело до зголемување на бројот на заразени и починати.

Оваа недела на работа се вратија околу 4,4 милиони луѓе, но носењето маски и нараквици е задолжително надвор од домот.

Треба да знаете
Последни објави