(Видео) Србин со автомобил влета во мигрантски камп извикувајќи „не сакам…“

Србин од Обреновац со иницијали Ф.Р. бил уапсен вчера откако со автомобил насилно влетал во прифатниот центар за мигранти во овој град, кој го чува армијата, јавуваат српските медиуми.

Инцидентот се случил околу 19 часот.

Младиот човек се пробил низ барикадите поставени на влезот во центарот и со голема брзина возел низ кампот, гласно викајќи при што целиот настан го пренесувал во живо и на „Фејсбук“.

Со него во автомобилот имаше и куче.

https://youtu.be/STb4kGJlxLY

“Не сакам мојата девојка да биде нападната од мигранти. Не сакам муслиманска држава. Не сакам војска да ме чува во мојот град. Не сакам да гледам луѓе што бегаат без причина, не сакам да го трпам ова, казната ќе биде голема”, викаше тој додека автомобилот со голема брзина „леташе“ низ мигрантскиот камп.

На излезот од кампот, тој застана и излезе пред двајца вооружени војници.

„Нема да го спуштам телефонот, ќе снимам во живо. Не сакам мојата девојка да биде нападната од мигранти од Обреновац! Не сакам мојата војска и мојот народ да чуваат мигранти! Не сакам православието да им го отстапам на муслиманите и нема да го дадам, верувајте ми!“, викаше тој кон војниците.

Во инцидентот никој не е повреден, а Ф.Р набрзо потоа бил уапсен од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави