Според српскиот пулмолог и алерголог, професорто д-р Бранимир Несторовиќ, битката кај северниот сосед со коронавирусот е добиена. Што се однесува до друг бран за кој се говори српскиот пулмолог верува дека и овој вирус во текот на летото ќе исчезне.
-До крајот на месец мај треба да бидеме претпазливи во затворените простори. На отворено за таква претерана претпазливост нема потреба. Објавено е дека вирусот на високи температури може да преживее минута и поливина, додека во ладовина до 18 минути. Затоа треба да се избегнува некој дирекно да кива во вас. Епидемиолозите велат дека е потребно 15 минути вирусот од резерварот на заразата да се пренесе на друго лице – вели Несторовиќ.
Според него доказ дека се извлекуваме од оваа пандемија е податокот од почетокот на заразната болест, кога во светот 80 одсто од инфицираните биле со благи симптоми, а сега таа бројка се искачила на 98 одсто, што занчи дека бројот на тешко заболени од 20 е падната на само два одсто што зборува дека коронавирусот ја губи вируленцијата.
-Вирусот врши самоубиство и се ослободува од некои делови кои ги имал, а за кои се тврдеше дека се уфрлени и со тоа е модифициран – вели Несторовиќ и нагласува дека Србија излегува од епидемијата.
-За нас останува проблем ако се почне со отворањето на границите со земјите кои сеуште го имаат вирусот. Затоа е значајно со која динамика ќе се креваат граничните рампи. Мислам дека е рационално како што напомена претседателот на Србија најпрво да почнеме овде во нашето опкружување на Балканот. Да се отворат границите, луѓето да можат полесно да се движат. Во Велика Британија, Америка, Русија епидемијата сеуште е на врвот – предупредува Несторовиќ кој според податоците од истражувањата и проценките на стручњаците смета дека земјите кои имаат јавно здравство подобро поминаа во оваа битка од оние каде системот им се потпира на приватните болници.