Во Франција фрлени 10 милиони литри пиво поради карантинот

Големите ограничувања наметнати поради пандемијата на коронавирусот сериозно ги погодија пиварите во Франција, кои беа приморани да фрлат најмалку 10 милиони литри пиво, поради нагло опаѓање на побарувачката.

Бројките ги објави Асоцијацијата на пивари во Франција по состанокот со претставници на 300 компании, кои опфаќаат 98 проценти од францускиот пазар.

Затворањето на кафулињата, рестораните, прекинот на туристичката активност и откажувањето на сите фестивали и саеми, доведоа до истекување на рокот на повеќе од 10 милиони литри пиво, главно во буриња, се вели во соопштението на организацијата.

Уништувањето на пивото ќе доведе до значителни трошоци за пиварите.

До крајот на април, околу 25 проценти од пиварите во земјата беа целосно затворени, а други 40 отсто го намалија производството за најмалку 60 проценти. Вкупно 70 проценти од пиварите најавија пад на приходите од 50 проценти по 15 март. Половина од фирмите успеаја да добијат државна помош.

Треба да знаете
Последни објави