Министерството за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска (МВЕП), во соработка со Хрватската амбасада во Скопје, организираше враќање на 105 хрватски државјани од Северна Македонија, објави хрватското Министерство.
Ова е петто враќање на хрватските граѓани од нашата земја.
„Во Хрватска пристигна конвој од 36 возила со вкупно 105 хрватски државјани“, соопшти МВЕП.
Од почетокот на пандемиската криза до денес, Хрватската амбасада во Скопје организираше репатријација за вкупно 238 хрватски државјани, кои изразија интерес да се вратат во Хрватска, се додава во соопштението.
„Бидејќи скопскиот аеродром беше затворен за сообраќај, враќањето на хрватските државјани од Северна Македонија се одвиваше по пат низ територијата на Република Србија, со помош на Хрватската амбасада во Белград“, се вели во соопштението.
Исто така е разјаснето дека организацијата на таквата репатријација е дополнително комплицирана со фактот дека границите на Република Србија се затворени, поради што е неопходно да се добијат разни дозволи за транзит.