Јавниот превоз на патници во железничкиот сообраќај повторно ќе биде воспоставен на 11 мај, како дел од третата фаза на попуштање на противепидемиските мерки, објавија Хрватски железници.
Со повторното воспоставување на патничкиот превоз на хрватските железници, покрај товарните возови, ќе сообраќаат повеќе од 400 патнички возови.
Железничкиот товарен превоз течеше без прекини и за време на кризата со коронавирус.
Во однос на нормализирање на железничкиот сообраќај, ХЗ ги предупредува корисниците на патиштата да го зголемат вниманието на железничко-патните премини и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, бидејќи учесниците во патниот сообраќај (возачи, велосипедисти, пешаци) се виновни за 98% од сообраќајните незгоди.