И поранешниот премиер Зоран Заев имаше интерес да се урне СЈО а тоа го тврдам бидејќи докази имам во мојот телефон, кој не е вештачен. Може ќе допрам несакајќи некоја од соголените жици од бојлерите во Шутка, и така осудените терористи имаат подобри услови од мене, сведочи Боки 13.
-Во притвор ме држат поради мојот денешен исказ дека на трети април дознав за случајот од тогашниот премиер Зоран Заев. Се тргуваше со овој случај, Катица Јанева беше уценета или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега.Рускоска гордо рече дека уште во јануари била во контакт со Камчев, кој го ангажирал адвокатот Стерјо Зиков зашто беше близок со обвинителката. Ако имало предмет од ноември до мај зошто таа контактирала со Камчев. Заев по емисијата дојде во канцеларијата која беше вечерта и ми рече дека јас и Јанева сме следени од странски служби. Ми рече дека странски обвинител веќе има предмет оформено. Ми велеше што сега да правам. Бев уценуван, а беше и Јанева. Жал ми е што не се вештачи мојот мобилен да се види целата комуникација со Заев. Заев со Кичеец зборуваа за местење избори во Охрид, а Кичеец имаше своја параполиција, рече Боки, по што беше дадена пауза.
Претходно кажа дека прв го пријавил случајот кај тогаш министерот Оливер Спасовски дека Камчев го снима тајно.
-Случајот, пак, против мене го пријавил Орце со некој Радивоје кој го обучувал како и што да снима. Заев рече тој го пријавил, но не беше дојден тука да сведочи. Каква е улогата на Горан Николовски од УЈБ, дали има некаква белешка дека сум пријавен од Ана Камчева. Јас се јавив и кај Рускоска и и реков ако има нешто против мене нека ме праша. Тогаш почна пропагандата од Бранко Героски со текстовите за Кики, Фрики и другите, што резултираше со затворање на телевизијата која му пречеше на подземјето.