Димитров: Добредојдено е враќањето на европската перспектива за Западен Балкан  

Повторното враќање во европската перспектива за Западниот Балкан е добредојдено, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров за бриселскиот портал Политико.

– Ние ќе бевме уште посреќни да се споменеше проширувањето или комплетирањето на Европската унија. Сепак на крајот, Советот донесе одлука да ги започне пристапните преговори, нагласи Димитров сумирајќи го расположението на регионалните лидери по вчерашниот Самит ЕУ – Западен Балкан.

Лидерите на Западниот Балкан и на Европската Унија на  вчерашниот Самит потенцира дека регионот останува „апсолутен приоритет” за ЕУ и го поздравија усвојувањето на новата преговарачка методологија, како и одлуката за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија. 

Треба да знаете
Последни објави