Општина Аеродром деновиве го реконструира детското игралиште што се наоѓа во рамките на дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче.
Исто така, се реконструираат и детските игралиште во новиот парк во Стар Аеродром, до кружниот тек кај поликлиниката „Јане Сандански“, во Реонски центар, зад ТЦ „Капитол“ кај трите бели кули.
За безбедна игра на дечињата, Општина Аеродром го реконструира и детското игралиште до училиштето „Ѓоргија Пулевски“, игралиштето на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ пред ресторанот „Еквириблиум“, двете игралишта во Долно Лисиче пред Месната заедница и пред надвозникот, како и старото игралиште во Ново Лисиче зад комплексот Адора.