Четири прекршувања на полицискиот час, пет предупредувања за неносење маски

Четири лица ќе се соочат со полициски пријави за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” според член 206 од Кривичниот законик, информираше денеска СВР Тетово.

– Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (6-7 мај), по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ова подрачје четири лицa не ја почитувалe забраната за движење, лишени се од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци. Писмено предупредени за неносење заштни маски биле пет лица, информираат од тетовската полиција.

СВР Тетово евидентира дека во изминатото деноноќие на 10 лица им се изготвени решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, додека изјави за самоизолација потпишало едно лице.

Во овој период контролирани се 119 лица со решeнија и 30 лица со потпишани изјави за самоизолација.

Треба да знаете
Последни објави