Претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговиот руски колега Владмир Путин денеска во телефонски разговор ја одбележаа 75 годишнината од Денот на победата во Европа, соопштија од Белата куќа.
Меѓу другото, двајцата лидери разговараа и за неодамна склучениот договор со ОПЕК+ и борбата со пандемијата на коронавирус. Трамп истакна дека САД прават секакви напори за заштита на Американците, и се подготвени да помогнат на земјите кои за тоа имаат потреба, вклучувајќи ја и Русија.
Претседателот подвлече дека САД се стремат кон ефективна контрола на вооружувањето што ќе важи не само за Русија туку и за Кина, и дека со нетрпение очекуваат да започнат преговорите, за да се избегне скапата трка во вооружување.
Во текот на разговорот беа покренати и други билатерални и меѓународни прашања, се дознава од соопштениeто од Белата куќа