Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека Ден Дончев е сѐ уште на работа и ќе ја извршува функцијата директор на Фондот за здравство додека не биде поставена негова замена.
„Ден Дончев е тука, тој е на работа и сè додека не се постави нов директор, тој ќе ја извршува својата функција. Секако, за неговата оставка сум информиран уште од март, и тоа поради семејни и приватни причини, се работи за здравствена работа, нормално, очекување беше дека на 12 април ќе заврши периодот на предизборието, ќе има избори и потоа ќе се именуваат нови директори, но кризата продолжи. Како што кризата се продолжи, чекавме да помине одреден период и сега ми е јасно зошто на одминување на кризата е поднесена оставката“, рече Заев.
Претседателот на СДСМ рече дека семејните и приватните причини Дончев прецизно ги навел во оставката и ќе биде тука доколку треба да одговори на дополнителни прашања.