Во Полициска станица Прилеп вчера околу 15 часот било пријавено дека од куќа на улица Беровска во Прилеп, во сопственост на С.А.(23), со воздушна пушка „норика” кал.4,5 мм, сопственост на А.З. од Прилеп, која ја поседувал со дозвола, С.А. пукал кон куче скитник во неговата бавча.
Но при тоа го погодил неговиот братучед Н.А.(47) во главата.
Н.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.