„Препораките на сите еминентни финансиски институции кои истражуваат укажуваат дека не е важно да се сочуваат само работните места, туку самите работници. Второ е заштита на здравствениот систем, трето е зачувување на јавната потрошувачка и на крајот, поддршката на малите и средните претпријатија. Првиот и вториот сет на владини мерки се најсоодветни и на тоа укажуваат и бројките. Очекувањата се дека ќе има 26 000 барања од фирми, тоа е 34 отсто од вкупната економија кои сакаат да им се помогне. После два до три дена ќе знаеме колку работници ќе опфатиме со мерките, а мислам дека ќе опфатиме до 250 000 работници. Над 65 проценти од самостојните извршители на дејност побарале помош од државата преку мерките. Средствата ќе започнат да се исплаќаат за три дена. До сега траеше процедурата. Мораше да се провери целиот процес.“- објави Фатмир Битиќи, владин советник за економија на гостувањето во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа. Тој дополни дека кризата е непредвидлива, но дека државните институции преземаат мерки за побрза стабилизација. „Во текот на мај ако се нормализира ситуацијата со пандемијата, од јуни ќе почнеме да закрепуваме економски, ова би биле оптимистички очекувања. Дали сме премногу оптимисти? Не би требало така да се каже. Структурата на економијата не е иста како порано, таа е променета, и затоа проекциите на Светката Банка и на ММФ мора да ги следиме.“- изјави