Несериозно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ за преземените антикризни мерки да не споредуваат со Германија, Шведска. Ние сме земја во развој, а ниту Германија, ниту Шведска немаа 11 години цунами од ВМРО-ДПМНЕ, како ние, рече престедателот на СДСМ Зоран Заев, во емисијата „Патот кон…” на Алсат телевизија.
– Може ќе имаше повеќе пари ако не се потрошеа милијардите на споменици, жални врби, на музеи и слично, колку маски ќе купевме за сите жални врби, за сите лавови, златни огради по мостовите, колку болници ќе изградевме наместо овие музеи и споменици што се изградија, колку ќе се купеше заштитна опрема за граѓаните со тие пари, нагласи Заев, додавајќи дека мора да се има предвид дека состојбата од која што тргнавме во економијата пред 2,5 години е минус 1,8 насто.
– Белата палата е двојно поголема од Инфективната клиника, Мицкоски од таму зборува Филипче да си оди и да биде добар доктор.Нека оди Мицкоски да биде професор, каде е примен со ургенции на татко му, ништо не знае ни од енергетика, ни од економија, нагласи Заев.