Мадона ималa Ковид-19 за време на турнејата “Мадам икс“ во март

Поп кралицата Мадона неодамна откри дека има антитела за Ковид-19 и предизвика забуна кога потоа беше видена надвор. Таа сега објасни дека всушност се разболела пред извесно време, заедно со голем број други кои работеле на нејзините концерти во живо, пренесуваат медиумите.

Покрај сликата на веста во која објавува дека донирала 1,4 милиони американски долари за да помогне во пронаоѓање на вакцина, 61-годишната пејачка напиша: „Благодарна сум што можам да помогнам во истражувањето за да се пронајде лек за Ковид-19 !!“

„И само да ги појаснам работите за луѓето кои повеќе сакааат да веруваат во сензационални наслови отколку да направат свое истражување за природата на овој вирус – во моментов не сум болна,“ вели поп-иконата.

„Доколку тестот покажува дека сте позитивни за антитела, тоа значи дека вие сте го имале вирусот претходно, а јас го сторив тоа бидејќи бев болна на крајот од мојата турнеја во Париз пред повеќе од 7 недели заедно со многу други уметници во моето шоу, но во тоа време.“

„Мислевме дека имаме лош грип. Фала му на Бога, сите сме живи и здрави. Се надевам дека ова ќе помогне да се расчистат работите! Знаењето е моќ!”

Мадона откри дека минатата недела била тестирана позитивна за коронавирус-антитела, и рече дека со нетрпение чека да излезе на „долго возење“ по неколку недели самоизолација.

Таа тогаш рече: „Се тестирав пред некој ден. Дознав дека имам антитела на коронавирусот, па утре ќе одам на долго возење со мојот автомобил.“

Треба да знаете
Последни објави