(Видео) Њујоршката полиција насилно спроведува мерки за социјално растојание, тепа луѓе и ги оборува на земја

На интернет се појавија видеа на кои се прикажани њујоршките полицајци кои присилно спроведуваат вонредни мерки на социјално растојание, пренесува АП.

На едно видео се гледа полицаец како трча по Афроамериканец и насилно го оборува на земја.

Во друго видео, полицаец кој не носи маска  удира во глава човек што лежи на улица и не дава никаков отпор.

И покрај бројните апели њујоршката полиција да се повлече од задачите поврзани со спроведување на вонредни мерки, градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, не се согласува со тоа.

„Нема да ја повлечеме њујоршката полиција. Јас не ја формирав мојата одлука само врз основа на неколку индивидуални, слабо извршени интервенции, туку врз основа на милиони добро изведени интервенции“, рече Ди Блазио.

Џу Хјун Канг, директор на Здружението на Обединетите заедници за полициски реформи, смета дека полицијата користела надзор на вонредни мерки за прикривање на злоупотреби, неоправдана употреба на сила и физичко загрозување на њујорчаните.

Началничката на полицијата Дермот Ше изјави дека сите пријавени случаи ќе бидат истражени одделно и дека удирањето не треба да се третира како употреба на прекумерна сила.

За време на обуката во Полициската академија, се учи дека е дозволено да се удри некој што не ги почитува наредбите на полицаецот, посочи Ше.

Треба да знаете
Последни објави