Претседателот на Србија , Александар Вучиќ на своите ривали и оние кои ја критикуваат неговата работа им порача дека ќе имаат прилика за година и половина да се кандидираат за функцијата која сега ја извршува во државата.
-Ние ќе излеземе со наш кандидат. Верувам дека ќе учествувам во изборот на кандидат кој ќе може да победи на овие избори – изјави Вучиќ, по што веднаш беше запрашан дали тој нема да биде главен кандидат за нов претседателски мандат на што возврати:
-Се надевам дека ќе најдеме подобар !?
Вучиќ кој не е сигурен дали ќе се кандидра за претседателската трка најави дека до крајот на годинава ќе се повлече и од позицијата прв човек на владеачката Српска напредна странка.
-Короната се ни помести. Но, до крајот на годинава ќе заминам од претседателската функција во партијата – изјави Вучик меѓу другото на ТВ Хепи.