Интегрален текст од прес конференција на Антонијо Милошоски
„Би сакал да ја искористам денешната прес конференција да повика уште еднаш врз основа на исказите кои што се добиваат од случајот „Рекет“ во судницата, МВР и Обвинителството за борба против организиран криминал без разлика до каде стигнале со вештачењето на телефоните на Боки 13 и Зоки Кичеец, да почнат да го вештачат телефонот на господинот Зоран Заев кој што го користел во периодот кога имал интензивни средби со Боки 13.
Имено изјавата дека Зоран Заев во 1ТВ телевизијата за чие што нелегално финансирање знаел и соучествувал според досега добиените снимки на 3-ти април 2019 година го предупредил првообвинетиот Боки 13 дека го следат странски служби и обвинители. Тоа значи дека сакал да го прикрие делото, во кое што најверојатно Зоран Заев бил главата на оваа рекетарска шема.
Сметаме дека господинот Зоран Заев конечно треба да се врати таму од каде што почна пред да биде премиер, а тоа е во судските клупи. За да може да го даде својот скромен придонес во разоткривањето во шемата за рекетирање на отприлика 20 милиони евра од повеќе стопанственици во Република Македонија.
Втората работа што исто така зачудува е тоа што господинот Зоран Заев доколку навистина го пријавил случајот за кој што нема записник во обвинителството на 22-ри април, прашање е зошто молчел од 3-ти април кога го предупредил Боки 13 до 22 април. Тоа отвора дилеми, дека Зоран Заев не само што бил глава на рекетарската шема, туку бил и главниот бранител за тоа како од него ангажираните рекетари да ја менаџира штетата и да гледа да ги заштити во рамките на неговото влијание во обвинителството и судството.
Така што ова се нашите барања, до господиниот Наќе Чулев, и до обвинителката Вилма Русковска да почнат да го вештачат телефонот и комуникациите на господинот Зоран Заев од периодот март, април и мај 2019 година.