Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се само осум новозаразени со Ковид-19,со што вкупниот број изнесува 850 лица,информираше Еугена Томини,од Институтот за јавно здравје.
-Во последните 24 часа, тестирани се 238 граѓани, за кои постои сомнение дека биле погодени од „Ковид-19″, но само кај осум од нив резултатот е позитивен. Овој месец тројно е зголемен бројот на тестирани лица. Во моментов имаме индикатор за позитивност под 5 отсто, што е многу добра индикација за контрола на вирусот,рече Томини.
Информираше дека од почетокот на епидемијата, извршени се над 10.000 тестови и оти 850 граѓани се позитивни на Ковид-19,од кои 620 се оздравени а 199 се активни на болеста.
Додаде дека во моментов во двете болници КОВИД, Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” се хоспитализирани 30 пациенти и само 5 од нив се на интензивна терапија.
Оцени дека епидемиолошката состојба во земјата е стабилна врз основа на досега идентификуваните случаи и длабинското епидемиолошко истражување.
-Од 27 април започна примената на стратегијата за повторно отворање и олеснување на мерките за граѓаните и деловните субјекти одобрена од Техничкиот комитет на експерти, заснована врз мерливи индикатори. Олеснувачките мерки ќе продолжат доколку остане оваа стабилна состојба во која се пресметува просекот на нови случаи, хоспитализирани во болница и пациенти на интензивна терапија,најави Томини.
Сепак, посочи дека тоа ќе зависи од совесноста на сите во почитувањето на мерките и препораките.