Претседателските избори во Белорусија закажани за 9 август

Парламентот на Белорусија денеска ги распиша претседателските избори за 9 август.

Претседателот Александар Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, минатата година најави кандидатура за уште еден мандат.

Како што пренесуваат странските агенции, САД и ЕУ редовно ги критикуваат белоруските власти за лошо спроведени избори и „гушење” на опозицијата.

Минатогодишните парламентарни избори целосно ја отстранија опозицијата, а сите 110 места во Парламентот припаднаа на поранешни владини функционери, дипломати и членови на провладини партии.

Набудувачите на ОБСЕ во тоа време рекоа дека „основните слободи се запоставени и дека интегритетот на изборниот процес не е соодветно заштитен”.

Доколку 65-годишниот Лукашенко победи на овие претседателски избори, тоа ќе биде негов шести последователен мандат.

Треба да знаете
Последни објави