По периодот на изолација, љубителите на спортот во Аеродром ги очекуваат комплетно нови спортски терени. Аеродромци добија уште едно спортско игралиште во непосредна близина на училиштето „Ѓоргија Пулевски“.
Спортските терени се со мултифункционалните подови со врвен квалитет наменети за безбеден спорт и рекреација, еколошки, без штетна емисија, рециклирачки и ергономски, сертифицирани и признати од ФИБА и ИТФ.
Општина Аеродром во наредниот период ќе ги реновира сите спортски игралишта на нејзината територија.