Неопходно е зајакнување на СЗО и промена на начинот на нејзино финансирање, смета Париз

Она што го открива кризата со коронавирусот е пред сè стекнатата и влошена форма на природата на меѓународните предизвици од 21 век. Може да се најде спас само доколку знаеме да ги обединиме напорите за да заеднички се избориме против вирусот. Никој од нас нема да може да се смета себеси за заштитен сè додека пандемијата не биде ставена под контрола. Здравјето на секого зависи од здравјето на сите. Затоа оваа криза нè потсетува на трите неопходни работи кои секогаш треба да нè водат во насока на денешните глобални предизвици :неопходноста од координација, соработка и солидарност.

Ова го истакнува Жан-Ив Ле Дриан, министер за Европа и за надворешни работи на Франција, во обраќањето преку видео-конференциска врска пред амбасадорите акредитирани во Франција, најавувајќи го одржувањето на третото издание на Парискиот мировен форум во ноември годинава.

-Ова е причината поради која, меѓународната заедница денес мора да се обедини околу Обединетите Нации и СЗО. Кризата не е зад нас – далеку сме од тоа ! – и не смееме да си го дозволиме тој луксуз на слабеење на единствениот универзален инструмент кој треба да го употребиме за да се справиме со кризата. Тоа е прашање на конзистентност и прагматизам. Јас велам „ прагматизам ” затоа што, ако Франција промовира мултилатерализам, тоа не е по идеологија. Туку затоа што тоа е метод кој ја докажал својата ефикасност и кој повеќе од кога и да е, е единствениот релевантен за зачувување на светските јавни добра како што се здравјето и климата, биодиверзитетот, образованието или безбедноста на храната, вели Ле Дриан.

Меѓутоа, додва тој, кога ќе дојде време, ќе треба да се запрашаме за она што всушност не профункционира доволно добро и треба да се подобри, да ги научиме сите лекции од тоа низ што минуваме сега, за да се подготвиме за следните здравствени кризи. Франција започна размислувања на оваа тема, околу двата главни приоритети: неопходно е да се зајакне СЗО преку спроведување на одреден број на реформи и во однос на нејзината нормативна улога.

-Меѓународните здравствени регулативи, за кои СЗО е гарант, претставуваат меѓународен правен инструмент кој е правно обврзувачки за 196 земји од целиот свет. Неговата цел е да и помогне на меѓународната заедница во спречувањето сериозни ризици по јавното здравје, а нејзината задача е да даде одговори на овие закани. Затоа е суштински инструмент. Затоа мора истиот целосно да се спроведе од државите. Сепак, денес немаме механизми за верификација во врска со овие меѓународни здравствени регулативи. Затоа треба да размислиме за тоа. Ваквите механизми може да имаат повеќе форми : механизми за ревизија, објавување препораки, инспекции, посочува францускиот министер за Европа и за надворешни работи .

Се разбира, вели тој, дека сите недостатоци не треба да останат без последици. Може да се земат во предвид присилни мерки. Зајакнувањето на СЗО, исто така, значи и зајакнување на неговата улога во алармирање.

-Веќе е планирано дека прогласувањето на вонредна здравствена состојба во меѓународни рамки зависи од Генералниот директор на СЗО, по препорака на комитет од независни експерти. Но, ние мора да одиме подалеку и да и дадеме на СЗО средства за да независно ги проверува здравствените информации што и ги пренесуваат државите. За да можеме да дејствуваме брзо, потребна ни е транспарентност и мора да знаеме секогаш што точно се случува со здравствената состојба во меѓународни рамки. Ова е причината поради која Франција ја разгледува можноста за формирање на „Висок глобален совет за здравјето на луѓето и на животните “. Тој Совет ќе биде одговорен за алармирање на владите и за информирање на општествата, како што ИПЦЦ може да го прави во поглед на климата, нагласува Ле Дриан.

Овој Висок совет, додава, ќе овозможи и зајакнување на целата координација, која стана неопходна, помеѓу надлежните меѓународни организации : СЗО, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Светската организација за здравје на животните (ОИЕ), но и Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП).

-Исто така, веруваме дека е неопходно да се зајакне СЗО во својата улога на подигање на свеста и обука. Ова е причината поради која Франција е посветена заедно со СЗО за основање на Здравствената академија на СЗО во Лион. Оваа Академија ќе ги подобри вештините на персоналот на СЗО, но и на креаторите на политики и на здравствените работници, вели шефот на француската дипломатија.

Тој укажува и на потребата од промена на начинот на финансирање на СЗО „за да и се даде на Организацијата повеќе простор за маневрирање но и поголема гаранција за нејзината независност”.

-Во моментов, само една четвртина од нејзиниот буџет е финансиран од задолжителни придонеси од нејзините земји членки, а остатокот главно се финансира од доброволни придонеси од неколку држави и приватни фондации. Со други зборови, СЗО денес е премногу зависна од политичките одлуки на државите кои треба да одлучат дали ќе ја поддржуваат или нема да ја поддржуваат. Мора да размислуваме за иновативни финансирања, како алтернатива на доброволните придонеси. Франција е подготвена да учествува во ова размислување. Нашиот втор главен приоритет, кој е поврзан со овој прв проект, е зајакнување на координацијата на глобалните актери од здравството : СЗО, секако, но и меѓународните финансиски организации, приватните чинители како и мултилатералните фондови, вели меѓудругото Ле Дриан во видео обраќањео од 29 април до амбасадорите акредитирани во Франција.

Третото издание на Парискиот мировен форум е закажан за 11 ноември, годинава. 

Треба да знаете
Последни објави