Првата фонтана на пиво во светот во словенечкиот град Жалец, по полугодишната сезонска пауза, во сабота повторно ќе биде отворена. Поради епидемијата на коронавирусот, отворањето беше одложено повеќе од еден месец, а во сабота 20 пивници ќе претстават околу 30 словенечки марки пиво.
Отворањето ќе се одржи во согласност со упатствата издадени од Националниот институт за јавно здравје за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Предвидено е да се постави таканаречена сигурна патека по која посетителите можат да се движат со цел да се овозможи да ги почитуваат мерките за социјална дистанца.
Само три лица ќе можат во исто време да влезат во делот во рамките на фонтаната, но ќе треба да бидат на растојание од најмалку 1,5 метар.