Премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил соопшти дека на тековната седница на Владата донеле одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.
Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.
– Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот, пишува Спасовски на ФБ.