Околу 10 отсто од студентите ги загубија своите работни места како резултат на епидемијата на коронавирусот, која предизвика прекин на голем дел од економската активност во Франција, јави дописникот на МИА.
-Генерално, 20 отсто од студентите немаа сигурна состојба и 40 отсто добиваат државна помош, подвлекува министерот за високо образование Фредерик Видал во интервјуто за „Паризиен”, објавено неколку дена по најавата на премиерот Едуард Филип за помош од 200 евра наменета за „млади загрозени луѓе” на возраст под 25 години.
Оваа помош, според Фредерик Видал, се однесува на оние стипендисти или носители на стипендии, кои биле на задолжително платено стажирање или биле вработени на 1 март, а кои работеле најмалку 32 часа месечно, како и изолирани студенти од прекуморските територии и департмани кои се најдоа во Франција, за време на мерките на изолација.
Се проценува дека помош можат да побараат околу 400.000 студенти, за што се одвоени 80 милиони евра.