Последните настани поврзани со организирањето прослава за Денот на полицијаците и масовниот верски настан во Струга се показател дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму води политика со мото колку полошо за државата, толку подобро за партијата, велат во соопштение од Новата социјалдемократска партија (НСДП).
„Преку својот министер за внатрешни работи се обидуваат и по цена на здравјето на граѓаните да креираат атмосфера, која ќе доведе до дополнително продолжување на вонредната состојба, а со тоа и на можниот термин за одржување на предвремените парламентарни избори“, стои во партиското соопштение.
Според НСДП, создавањето во јавноста атмосфера на игнорирање и непочитување на препоракитe на Владата од страна на припадници на Министерство, кое е под, како што велат, директна контрола на Христијан Мицкоски, ја разоткрива подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ да го жртвува и здравјето на граѓаните ако тоа може да значи максимално можно пролонгирање на денот на изборите.