Ливерпул е фаворит да потпише со Кулибали

Ливерпул е водечки во трката за потписот на Калиду Кулибали од Наполи, пренесуваат медиумите во Франција. Сенегалскиот интернационалец е вреден 96 милиони фунти и е поврзан со трансфер надвор од „Сан Паоло”.

Лидерот и иден шампион на Англија – Ливерпул, ја следи ситуацијата околу 28-годишниот силен дефанзивец, а според „Ле 10 спорт” се тврди дека тимот на Јирген Клоп е чекор напред во преговорите.

Кулибали призна претходно оваа година дека сака да ја напушти Серија „А”, откако сака да се бори за трофеј во Лигата на шампионите, а тоа е многу малку веројатно во Наполи.

ПСЖ исто така сакаат да го земат играчот, бидејќи Французите се подготвуваат за „живот” по Тијаго Силва.

Треба да знаете
Последни објави