Нема време и простор за математички калкулации, веднаш треба темелен скрининг на населението

Интегрален текст од прес конференција на Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

 

„Прашуваме од каде, како и според кои параметри се доаѓа до констатација дека се стабилизира епидемијата? За да се дојде до соодветен заклучок или констатација од ваков вид, како и за да се изгради соодветна државна стратегија за излез од кризата, задолжително е да се спроведе неодложен, адекватен и темелен скрининг.

Скринингот во некои земји од регионот систематски се спроведува последниве неколку недели, а во одредени држави кои се позитивен пример, веќе речиси и цел месец наназад. Прашуваме како е кај нас состојбата на ова поле и зошто засега скринингот останува само во најава?!

Зошто, доколку реално се намалува бројот на индивидуи кои што треба да се тестирани по индикација, како што не уверува господинот Филипче, се уште не е започнат скринигот? Ваквиот пристап е, благо кажано со еден збор, нелогичен!

Скринингот на медицинските лица требаше веќе да биде во поодмината фаза. Неопходно е да имаме реална слика каква е состојбата кај здравствените работници.

Облигаторно е исто така, да се спроведе широк опсег на тестирања и кај сите останати лица од останатите ризични групи.

За жал, останува присутна дилемата и прашањето зошто се доцни со овие постапки?

Повеќе од јасно е дека за соодветна и успешна стратегија, неопходно е да се спроведува навремен и темелен скрининг.

Впрочем, тоа веќе го покажаа и земјите кои пристапија кон примена на оваа стратегија.

Дали бројките реално покажуваат дека ситуацијата кај нас е под контрола?

Ако правите мал број на тестови, тогаш логично е дека ќе добиете и мал број на ново регистрирани случаи.

Но, дали ваквиот пристап реално ја отсликува состојбата на терен? Проценете сами.

Станува збор за здравјето на граѓаните. Нема време и простор за математички калкулации. Едноставно е! Треба да се започне со темелен скрининг врз база на кој што ќе се изгради соодветна државна стратегија за излез од кризата.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави