Србија досега има евидентирано 10.032 заразени лица со коронавирус, 213 починати и 2.732 излекувани граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.
Од вирусот во изминатите 24 часа починати се четири лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 213 граѓани, соопштија на владиниот сајт ковид.рс.
Во изминатите 24 часа, тестирани се 5.728 лица, од кои позитивни на вирусот се 89 граѓани или 1,55 отсто од тестираните.
Вкупно кај 10.032 лица е потврден случај на коронавирус, а излекувани се 2.732 пациенти.
Вкупно во Србија досега тестирани се 134.533 граѓани.
Според денешните податоци, најмногу новозаболени има во Лесковац (20), Белград (19) и Ниш (6).
Се намалува и бројот НА хоспитализирани во ковид болниците и во привремените центри, во кои заклучно со денесКА има 1.437 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 43 лица.
Во Србија, со укинување на вонредната состојба од вчера повеќе нема полициски час и забрана за движење. Но, остануваат вонредните мерки, бидејќи и понатаму на сила е прогласена епидемија од посебно значење.
Владата со соопштение ги потсети граѓаните дека и понатаму имаат обврска да ги почитуваат заштитните мерки се додека трае опасноста од ширењето на вирусот.