ПСЖ ќе побара од Интер да го продолжи закупот на Икарди

Раководството на Пари Сен-Жермен, има намера да побара од Интер во блиска иднина согласност за продолжување на закупот на напаѓачот Мауро Икарди, објави „Л’Екип”.

Исто така, парижаните се подготвени да понудат алтернативна опција – да го откупат договорот на Аргентинецот, но доколку Италијанците ја намалат цената од 70 на 50 милиони евра.

Икарди има 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар за ПСЖ во сезоната 2019/20. Порталот Transfermarkt.com го проценува фудбалерот на 60 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави