Скопјани денеска исто како и вчера максимално го користат скратениот полициски час за посета на излетничките места. Екипа на 24 Инфо беше во Сопиште и на Водно, кои беа масовно посетени.
Најголем дел од граѓаните не носат маски, па поради големиот број на луѓе на мал простор дистанцирањето е речиси невозможно. Но затоа, наместо маски, за граѓаните најсигурно средство за дистанцирање се нивните автомобили.
Па така речиси целиот пат до Сопиште беше исполнет со автомобили, додека на Водно можеа да забележат и вистински рекреативци.