Заев: Економскиот совет на СДСМ утврди нов пакет економски мерки

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев најави и трет пакет на економски мерки околу справувањето со економската криза, особено директна помош на граѓаните коишто се загрозени.

-Јас некни најавив економски пакет, помина таа дебата на економскиот совет на СДСМ на којшто учествуваа премиерот, министерот за финансии, претседателката на Владата за економски прашања,  а и неколку директори на економски институции, Развојната банка, Управа за јавни приходи итн. каде што од прилика ги димензионираме одредени пакети, но сето тоа Владата го преговара. Владата разговара прво со своите партнери , мислам и на коалициони но и на партнерите како синдикатите и коморите, разговара и со банките. Ние сме во преговори со банките и затоа и секоја мерка мора да биде усогласена заедно со банките од коишто бараме поволни и евтини кредити, затоа што не смееме да дозволиме да бидеме надвор од ваквиот преговарачки процес, затоа што со Светска банка имаме одлична соработка, со ММФ се разговара за следен договор за кредит, а исто така чекаме позитивни одлуки околу обезбедувањето на еврообврзницата во државата, вели Заев.

Тој најави дека Владата штом ќе биде подготвена ќе ги објави мерките.

-За мене се се уште на ниво на шпекулации, еве како еден од најинформираните тоа што спомнавте 10 илјади денари па кои луѓе, какви луѓе. Верувајте може да има еден амбиент точно кои,  но ММФ со своите стручни служби  или Светска банка да кажат извинете ама во светот покажало тоа и тоа резултат, треба да биде таму и таму тоа насочено. Затоа досега е само на ниво на дебата тоа, а на крајот Владата е конечно таа што ќе ги донесе одлуките и ќе ги соопшти. Јас се сметам како претседател на најголемата политичка партија, чинител во извршната власт дека давам доволно придонес заедно со нашите органи и тела и сите наши коалициони партнери во димензионирањето на максимално добри мерки за рестарт или за заживување на економијата, односно да го искористиме периодот дека секоја криза може да биде и нова можност но и дополнително навремено да се димензионираат и почнат да се ефектираат следните пакети на мерки, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави