Американската Агенција за храна и лекови при Министерството за здравство одобри користење на нов тест за откривање антитела на новиот коронавирус, соопшти прес службата на Агенцијата.
Тестот е расработен од американската компанија Квидел (Quidel). Тестот покажува резултати за неколку минути откако ќе се земе примерок од носната слузница. Овој тест на антитела е третиот одобрен од американските здравствени власти. За разлика од други тестови, примерокот можат да го земаат и лица кои не се стручни, и е лесен за користење во активната фаза на болеста.
Дебора Биркс, координаторка на Белата куќа во борбата против ширењето на коронавирусот го оквалификува тестот како „вистински пробив во вирусологијата”.