Мицкоски: Задоволен сум што јавноста можеше да слушне дека воопшто не постојат никакви инкриминирачки дејства во моите разговори

Во вклучувањето во телевизија Телма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека е задоволен што јавноста може да слушне дека во нелегално снимените разговори објавени од него не постојат никакви инкриниминарчки дејства. Тој посочи дека не криел оти остварил средба со инволвираните во аферата „Рекет“, потсетувајќи јавноста на неговата прес конференција од 2019-та година во која тој прецизно ја сподели со јавноста ваквата информација.

„Јас уште на прес конференција која ја одржав на 16-ти август 2019-тата на прашање на ваша колешка – „Дали сум се среќавал со лицата кои се влкучени во аферата Рекет“, дадов одговор и тогаш бев многу прецизен каде што кажав дека на првоосомничениот лично му го честитав роденденот, од почит кон медиумите бидејќи нели тој беше поврзан со тој медиум, како сопственик, директор или не знам што. А да со останатите учесници во аферата „Рекет“ сум се сретнал и порано. Жалам што ова беше еден обид да се креира перцепција кај јавноста дека јас не сум ја говорел вистината бидејќи неделите потоа следеа прес конференции од страна на СДСМ. Следеше практично едно интервју кое што го имав за локален портал. Жалам што не е дадено воведното прашање каде што се дава една поинаква конотација за тоа што беше објавено. Но јас истовремено сум задоволен што јавноста можеше да чуе дека воопшто не постојат никакви инкриминирачки дејства за време на тој разговор со лицето кое што го споменавте. Инаку на негово барање преку една моја соработничка која што во тоа време е дел Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се случи тој состанок“, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ сака избори, но избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните. Мицкоски говореше и за документот на Венецијанската комисија кој укажува на тоа дека по завршувањето на вонредната состојба потребни се најмалку 60 дена за да се оддржат парламентарни избори.

„Јас одбивам да разговарам како на зелен пазар, најпрво би сакал да ги слушнам аргументите од страна на здравствените власти, здравствените работници, лекарите кои што се најповикани за тоа дали ризикот по здравјето на граѓаните е тој по кој што ќе се водиме кога ќе ја определуваме датата на следните избори. А потоа би сакал да го слушнам и претседателот на Државната изборна комисија кој што исто така треба да каже пратктично колку денови му се потребни за оддржување на едни вакви предвремени парламентарни избори. Секако се разбира тука е и оној документ на Венецијанската комисија кој што станува се поактуелен, а тоа е дека по завршување на вонредната состојба потребни се 60-тина дена за да се случат тие предвремени парламентарни избори, или парламентарни избори воопшто. Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со принципиелни ставови на лидерската средба сакаме да има избори ова лето, сакаме да имаме избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните“, истакна Мицкоски.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави