Амбасадорот на Малта во Финска поднесе оставка откако ја спореди германската канцеларка Ангела Меркел со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, јавуваат локалните медиуми.
Амбасадорот Мајкл Замит Табона наводно на Фејсбук напишал дека Хитлер бил запрен пред 75 години и прашал „кој ќе ја запре Ангела Меркел?”, Јавува Би-Би-Си.
„Таа го исполни сонот на Хитлер! Да ја контролира Европа”, рече амбасадорот на Малта.
Неговиот пост на Фејсбук подоцна беше избришан, а министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло, рече дека веднаш штом дознал што се случило наредил амбасадорот да го отстрани коментарот.
Министерот кажа дека неговата земја ќе и се извини на Германија, пренесува „Тајмс на Малта”.