Јовиќ паднал од ѕид во семејната куќа во Белград и едвај останал жив

Српскиот фудбалски интеранционалец Лука Јовиќ од редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид одново е во центарот на вниманието во екот на паузата поради пандемијата со коронавирусот.  Откако „кралевите“ соопштија дека ја повредил петата, никој не излезе да објасни што се случило со напаѓачот ! По направените снимки констатирана е скршеница на коската која е чувствителна само на тежина и е отпорна на надворешни удари. Поради оваа повреда Јовиќ ќе мора да паузира најмалку неколку месеци, што значи дека за него сезона која сеуште е во прекин е завршена.

Како пренесуваат српските медиуми Јовиќ повредата ја заработил откако падна од ѕид во неговата куќа во Белград !

-Добро е што остана жив . Се повреди сериозно. Падна од голема височина, не знам како точно се случи тоа, но беше случајно- пренесуваат анонимен извор српските медиуми кој е роднина на Јовиќ. Според истиот  низвор висината од која паднал била голема, па голема среќа е што останал жив и минал само со скршеница на стапалото.

Оваа повреда здобиена на само два дена пред почетокот со тренинзите на „кралевите“ ја пријавил Јовиќ која ги разгневило луѓето во клубот, откако дознале дека напаѓачот ги лажел и за повредата.

Треба да знаете
Последни објави