Венецуелската војска уапсила уште осум платеници

Венецуелската армија уапси уште осуммина платеници, кои ноќеска повторно упаднале во земјата, соопштија денеска венецуелските вооружени сили.

Вооружените сили на Твитер напишаа дека маринците вчеравечер лоцирале и уапсиле осуммина платеници, јави Тасс, додавајќи дека властите објавиле дека вкупно 45 лица биле уапсени заради минатонеделната  инвазија на венецуелската територија.

Венецуелските власти на 3 мај објавија дека успешно го спречиле обидот за влез во земјата од страна на група колумбиски платеници, кои планирале државен удар во Венецуела и атентат врз претседателот Николас Мадуро, а меѓу нив имало и двајца американски државјани.

Американскиот претседател Доналд Трамп негираше дека неговата влада има никаква врска со настаните во Венецуела.

Треба да знаете
Последни објави