Прес-конференција, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ
Како што одминува пандемијата и изборите стануваат реалност, така исплашениот Христијан Мицкоски со сите сили се обидува да избега од изборно соочување. Мицкоски се плаши од волјата на граѓаните, тоа е видливо и тоа е јасно и затоа пласира бројни невистини. Последна лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е дека наводно Венецијанската комисија наложила државите да организираат избори ако се поминати 60 дена по завршување на вонредната состојба.
Тоа воопшто не е точно и дополнително таква препорака не се однесува на нашата земја туку само на Грузија, поради одредби во нејзиниот Устав. Да го подучиме Мицкоски, нашиот политички систем функционира по Уставот на Република Северна Македонија, а не по Уставот на Грузија.
Самиот Извештај на Венецијанската Комисијата започнува со реченицата „Не постои формално правило во меѓународното право кое ќе им забрани на државите да одржуваат избори или референдум дури и за време на вонредна состојба.
Понатаму реферира на различни уставни и законски примери од државите за чии законодавства Венецијанската комисија давала мислење, меѓу кои е и Уставот на Грузија. Тој Устав предвидува дека по воена или вонредна состојба нема да се спроведуваат избори пред истек на 60 дена. Но, ВМРО-ДПМНЕ или не знае или се прави дека не знае дека во нашиот Уставн нема такво нешто.
Нашиот Устав е поинаков и определува дека избори не може да има само за време на вонредна или воена состојба, односно дека за време на воена или вонредна состојба се продолжуваат мандатите на пратениците и на претседателот на државата. Ова воопшто не значи дека постои рок од 60 дена кои треба да поминат од крајот на вонредната до денот на изборите.
Ваквите обиди за груби манипулации се доказ дека Мицкоски свесно лаже затоа што е исплашен поразот што му следува. Јасно му е и нему дека по сето она срамно однесување за време на кризата со коронавирусот, дека по сите изнесени лаги и конструкции, единствено што му следува е пораз на парламентарните избори. Го разбираме стравот на Мицкоски од изборен пораз но тој неминовно ќе му случи.
Апелираме на одговорност и ставање на интересот на државата и на граѓаните на прво место. Тоа значи избори во најкус можен рок, веднаш по спласнување на пандемијата.