Израелските граѓани кои се враќаат дома веќе не мора да бидат во карантин во „корона-хотел“, објави владата која продолжува да ги олеснува мерките.
Израелците кои се враќаат од странство веќе не мора да престојуваат во хотели што ги води израелската војска доколку можат да бидат во изолација во своите домови.
На оние кои пристигнуваат во израелското меѓународно пристаниште Бен Гурион не им е дозволено да користат јавен превоз. Треба да одат со такси, да го отворат прозорецот додека се возат и да носат маска.
Војската објави дека лицата кои имаат простор за самоизолација почнале да ги пуштаат од карантин. Војската ги водеше и ги финансираше хотелите во пандемија во кои беа сместени речиси 10.000 лица позитивни на коронавирус.
Продавниците ќе се отворат во вечерните часови во повеќето муслимански градови и села во текот на месецот Рамазан, освен на оние места каде што голем број се заразени со коронавирусот.
На Евреите ќе им биде забрането да палат логорски оган, обичај на еврејскиот празник Лаг Баомер кој започнува на зајдисонце во понеделник и трае до зајдисонце во вторник.



