За раговорите кои деновиве беа пласирани на интернет порталите во кои се слушаат гласовите на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, Обвинителсвото за гонење организиран криминал нема да се поведе постапка, истакна денеска обвинителката Вилма Русковска по рочиштето за „организаторите на настаните од 27 април” и додаде дека сметам оти тоа е во надлежност на ОЈО – Скопје.
Русковска потсети дека законска должност е на секој кој што има сознанија, а особено документи за сторено кривично дело од страна на кого било, мора да го пријави или во полиција или во Обвинитество, во спротивно самиот прави кривично дело.
Обвинителката информираше дека е при крај анализата од двата разговори кои ги доставил Антонио Милошоски е дека за одлуката на Обвинителството јавноста ќе биде запознаена односно ќе биде објавена.