Од здравствен и економски аспект добро е изборите да се одржат на 14 јуни

Одговор на новинарски прашања, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ

П: Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во статус на ФБ вели дека според Венецијанската комисија, избори може да се одржат 60-тина дена по завршувањето на вонредната состојба. Во превод, тоа значи средината на јули, доколку во сабота заврши вонредната состојба кај нас. Дали како владеачка партија сте подготвнеи да отстапите од терминот 14-ти јуни и да се најдете со опозициската партија некаде на средина? 
 
Вашиот став за позицијата на СДСМ на лидерската средба, дали ке инсистирате на заедничката позиција на СДСМ со коалицијата  за избори на 14 јуни. Со оглед дека сеуште има голем број на заразени од Ковид 19 во последниве денови, дали сметате дека до 14 јуни може да се создадат услови за избори и дали  треба да се постигне консензус од сите партии за термиот за одржување на изборите.
Како што и веќе кажав доколку ова беше Грузија и во нашата држава се применуваше Уставот на Грузија тогаш Мицкоски ќе беше во право. Но, овде има Устав на Република Северна Македонија којшто вели нешто сосема друго и уште еднаш потенцирам ставот на Венецијанската Комисија е исклучиво за Грузија заради одредбата за Уставот на Грузија. Што се однесува до терминот 14-ти јуни како можен термин за избори, СДСМ и коалицијата заклучија дека, имајќи ги предвид сите случувања и дека пандемијата се смирува и секој ден имаме се повеќе оздравени и помалку заболени, но и имајќи во предвид дека сите стручни лица, а тоа е дека многу веројатно пандемијата повторно може да земе замав на есен, сметаме дека изборите навистина треба да се случат на 14-ти јуни како еден оптимален датум. Секако дека ова говориме ако работите се движат понатаму онака како што веќе се движат со денови, во смисла на пандемијата. Изборите мора да се случат бидејќи ние се наоѓаме во ситуација да немаме Собрание во сосотојба каде ги замрзнавме изборите поради пандемијата и избори мора да има за да се избегне продлабочување на политичка, но и уставна криза.

 

Треба да знаете
Последни објави