Спортски сали повторно се отворени од денеска во Германија, откако властите ги олеснаа рестриктивните мерки воведени за спречување на ширењето на новиот коронавирус.Некои фитнес клубови во Северна Рајна-Вестфалија се отворија веднаш по полноќ, пренесува Асошиејтед прес.
Властите минатата недела одлучија дополнително да ги намалат рестриктивните мерки за ограничување на движењето, но со клаузула да се овозможи повторно воведување мерки во случај на влошување на состојбата.
П оследните неколку дена, пет области го пробија прагот на 50 нови случаи на инфекција неделно на 100.000 жители. Меѓу нив е и Коесфелд, во Северна Рајна-Вестфалија, каде десетици работници во кланица, позитивно била тестирани на Ковид-19. Властите го одложија планираното повторно отворање на рестораните во регионот за една недела.



