Лидерската утре во 13 часот кај Пендаровски

Утре, 12 мај 2020 година, вторник, со почеток во 13:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно” ќе се одржи средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

На средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Треба да знаете
Последни објави